Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Продолжуваат активностите за достојно чествување на ликот и делото на Григор Прличев - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Продолжуваат активностите за достојно чествување на ликот и делото на Григор Прличев - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 6. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - Продолжуваат годинешните настаните за достојно чествување на ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев.

Синоќа во Центарот за култура во Охрид кој го носи неговото име се одржа свеченост посветена на лауреатот на наградата "Григор Прличев", поетот Славе Ѓорго Димоски. Беше претставена наградената поема "Денес", а се одржа и артистичка изведба на поемата, како и врачување на Повелбата за најдобра поема за 2023 на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски.

Чествувањата продолжуваат денеска во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ "Григор Прличев", во 10.30 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта.

Од 11:00 часот во Спомен куќата на ловороносецот ќе се одржи настанот "Стихови и звуци за Прличев" во рамки на кои ќе биде изведена песната "1762 лето" од Митко Кољушевски и Венко Пашовски. Свое обраќање ќе има градоначалникот Кирил Пецаков, ќе бидат врачени два примероци од книгата "Гоце Делчев" од Ванчо Николески, отпечатена во Брајово писмо, на НУ Библиотека "Григор Прличев" и Здружението за слепи лица од Охрид, како и наградите на провонаградените литературни творби на Литературниот конкурс на ООУ "Григор Прличев". По ова предвидено е читање на наградените литературни творби и промоција на книгата "Охридски поети" од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен-бистата на Прличев пред градската библиотека "Григор Прличев", по што ќе се обрати Смиле Наумоски, член на Друштвото на писатели на Македонија.

Од 13:00 часот во Прличевата одаја на Библиотеката "Григор Прличев" ќе се одржи "Охридска визита". Беседа за поетот и преродбеник Прличев ќе одржи проф. д-р Елизабета Шелева, по што ќе следи прогласување на добитникот на наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за 2024 од распишаниот конкурс: "Како против пизмата?", обраќање на добитникот на наградата и културно-уметнича програма.

Програмата ќе биде заокружена со свечена приредба по повод патрониот празник на ООУ "Григор Прличев" од 19:00 часот во Центарот за култура "Григор Прличев". (Крај)