Болницата "Св. Еразмо" ги подобри условите за пациентите кои имат потреба од хидротерапија - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 6. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот "Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо", ги заврши активностите за набавка и монтажа на опремата.
Центарот за физикална терапија се збогати со две кади за електротерапија за цело тело, единица за криотерапија и хидрауличен лифт за базен.
- Оваа опрема директно ќе влијае врз подобрувањето на условите за сите пациенти кои имат потреба од хидротерапија, со цел, подобрување на услугите за хидромасажа и олеснување на пристапот до базенот и за пациентите кои имаат поголеми потешкотии при движењето, информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.
Додаваат дека проектот е финансиран од на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и кофинансиран од страна на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" од Охрид. (Крај)