Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј.

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут), но се случи бура да го потопи коработ со кој пловеа. По Божја Промисла, Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека се удавил. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири.

После две години нивните ужалени родители појдоа во Јерусалим на поклонение на светите места. Таму со помош на прозорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија. Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние кои веруваат во Него, како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во уште поголема радост.

Живееја и се упокоија во Господ во 10 век. За овој Јован се смета дека е оној што е наречен Лествичник. (Крај)