Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Охрид и во Кичево - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Охрид и во Кичево - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 8-ми февруари 2024 година во 06:32 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.

- Земјотресот беше со Рихтерова локална магнитуда ML3.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)