Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Во понеделник истекува рокот за вадење нови документи, утрово мала раздвиженост во пунктот во објектот на Пожарната - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Во понеделник истекува рокот за вадење нови документи, утрово мала раздвиженост во пунктот во објектот на Пожарната - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 10. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - На само два дена од истекувањето на рокот, од кои утре е недела, неработен ден, екипата на OhridPress утрово го посети пунктот во објектот на Пожарната, каде охриѓани периодов наназад секојдневно вадеа нови документи.

Очигледно најголемиот дел веќе ја завршиле оваа обврска, а шалтерите во објектот на Пожарната скоро постојано беа полни со граѓани кои стрпливо чекаа да ја исполнат својата обврска.

Од МВР информираат дека нема да има казни доколку граѓаните не успеат да ги извадат новите документи до 12-ти февруари кога истекува рокот, но и нема да можат да патуваат во странство.

Со договорот од Преспа, македонските власти се обврзаа да ги сменат сите лични документи на граѓаните во Македонија, на кои ќе треба да стои новото име. Трошоците за промена на документите се на сметка на граѓаните. (Крај)