Од зборникот на Кузман Шапкарев: Дедо Нојо ја изнашол лозата - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - Охридскиот собирач на народни умотворби, Кузман Шапкарев, оставил бројни записи за преданијата поврзани со православните празници.
Околу денешниот празник, посветен на Свети маченик Трифун, Шапкарев запишал: "Дедо Нојо, кога ја изнашол лозата, пресекол прачки и насадил лозје. Прачките кога и засадувал в земи, му турил крв наместо вода и затоа виното било црвено. Крвта била од јагне, од 'рслан и од свиња.
Кога ја турал крвта вака блаосоил:
- Кој ќе пиет од виното, што ќе го родит лозјево, потроа, да бидит кроток и весел, како рудо јагне; кој ќе пиет поеќе, да бидит како ѕвер ('рслан) јунак и страшен; а кој ќе пиет од мерата надвор за да препиет, да паѓа по земи и да се валка, како свиња во тиња, со него сиот свет да се шегуа."
Запишано е и едно народно предание, кое е пренесено преку стихови.
Три дни те пифме,
три години се крифме. (Крај)