"Срамизам": Ако некој си ги бара, наспроти "Тино" му се, фрлени во езерото (Фото) - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
- Тоа ти е пријателе "срамизам"... Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот "срамизам" сведочи за последното вакво "дело", кога некој фрлил два тротинети во водите на Охридското Езеро, на потегот наспроти хотелот "Тино". Па, ако некој си ги бара, таму му се...
Е па пријатели... Срамизам... (Крај)