АМСМ (06:02h): Намалена видливост до 100 метри поради магла на планинските превои "Плетвар" и "Ѓавато" - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 26. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Магла со видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Кичево-Гостивар и до 100 метри на планинските превои "Плетвар" и "Ѓавато".
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)