Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд попладне и температура до 12. степени - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд попладне и температура до 12. степени - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) - Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди претпладне и услови за локален дожд попладне и во текот на вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

- Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни (од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер (над 70 км/час). Утре врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура утре ќе биде во опаѓање. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер, информираат од УХМР. (Крај)