Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Граничните премини "Св. Наум" и на охридскиот аеродром со нов систем за видео надзор за намалување на криминалот и корупцијата - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Граничните премини "Св. Наум" и на охридскиот аеродром со нов систем за видео надзор за намалување на криминалот и корупцијата - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Скопје/Охрид, 6. март 2024 (ОХРИДПРЕС) - Граничните преминит "Св. Наум" и на аеродромот "Св. Апостол Павле" во Охрид, ќе добијат нов систем за видео надзор како дел од новиот централизиран видео систем, кој се поставува на сите гранични премини во Република Македонија.

Опфаќа систем за видео надзор со 350 различни типови на дигитални камери со аналитички функции, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците.

Новиот систем е веќе воспоставен на граничните премини Дојран, Свети Наум, Табановце, железничка станица Гевгелија и аеродромот Охрид, а во следниот период ќе се воспостави и на останатите 14 гранични премини низ државата. Дежурниот царински центар на Царинската управа од денеска располага со сите податоци кои ги вчитуваат поставените "паметни камери" на овие гранични премини. Информациите од системот ќе се складираат во податочен склад и истите ќе се користат за напредни анализи на податоци, за анализа на ризик, како и за истрагите што ги води Управата со цел сузбивање на криминалот и корупцијата. (Крај)