8-ми Март, Ден на жената - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) - Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е поврзан со храбрите, но сепак обични жени, кои успеаја да ја сместат во историјата идејата која се провлекувала во вековите наназад, еднаквост на жените и мажите во општеството.
Почетокот на минатиот век беше време на индустријализација, но и на нови и радикални идеи. 28-ми февруари 1909-та година од страна на Социјалистичката партија на Америка е востановен Националниот ден на жената. Една година подоцна со средбата во Копенхаген, Денот на жената добива Интернационален карактер во чест на движењето на жените за женските права.
Денес празникот се слави низ целиот свет со букети цвеќиња кои им се подаруваат на дамите. Овој празник е национален празник во 27 земји. (Крај)