Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 13. литри дожд на м2 - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Скопје/Охрид, 12. март 2024 (ОХРИДПРЕС) - Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 13. литри дожд на м2.
- Во текот на изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, најмногу дожд 37 литри на метар квадратен наврнаа во Радовиш, информираат од УХМР.
Во Охрид денес се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.
- Во текот на следните денови ќе се задржи променливо облачно време, утре со повремен локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)