Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Македонија во јануари ја посетиле над 47 илјади туристи, најбројни од Турција, Србија, Грција и Албанија - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Македонија во јануари ја посетиле над 47 илјади туристи, најбројни од Турција, Србија, Грција и Албанија - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Скопје/Охрид, 12. март 2024 (ОХРИДПРЕС) - Во јануари годинава во Република Макеоднија се евидентирани 47.761 турист, од кои 40.4 се домашни, а 59.6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48.4 проценти се од домашните туристи, a 51.6 отсто од странските туристи. Во наведениот период, Македонија ја посетиле над 5.500 Турци, над 3.000 Срби и Грци и повеќе од 2.500 гости од Албанија. Регистрирани се и 1.810 бугарски туристи, како и 1.507 од Косово.

Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 проценти, a бројот на ноќевањата за 15.2 отсто. Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од 3, а на странските од 15.5 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 11.5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.8 отсто. (Крај)