Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Света преподобна маченица Евдокија - Летник - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Света преподобна маченица Евдокија - Летник - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 14. март 2024 (ОХРИДПРЕС) - На 1-ви март (според стариот календар), по новиот 14-ти март, се празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија, родена во феникискиот град Илиопол.

Како девојка била многу убава и со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашни христијани и се закалуѓерила. Во манастирот минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на градот Илиополе била исечена со меч во 126 година.

Со празникот посветен на нејзиниот спомен започнува месецот март. Први март уште се вика и Летник. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролетта, односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Постои верување дека она што ќе ти се случи на Летник тоа ќе те прати цело лето.

Меѓу позначајните обичаи поврзан со овој ден е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец и се носат околу вратот или на рацете или нозете. Најчесто го носат само децата, но во некои краишта ги носеле сите членови од семејството, како магиска заштита од разни несреќи.

Именден празнуваат Евдокија, Мартин, Марта. (Крај)