Викендов започнува летното сметање на времето - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Author: Daniela Spasik
Охрид, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) - Викендов започнува летното сметање на времето.
Вечерта помеѓу 30-ти и 31-ви март (сабота спрема недела) во 02:00 часот наутро стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред, со што времето во 02:00 ќе се смета како 03:00 часот.
Летното сметање на времето или летно време е договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред напролет (последниот викенд во март), а да се враќаат еден час наназад наесен (последниот викенд во октомври). Овој систем е предложен во 1905 година од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година. (Крај)