Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

ИНТЕРВЈУ| Крсто Блажевски, ХОТАМ: Кога кафето во Охрид ќе биде 200 денари, е тогаш нешто сме направиле! - Слободен печат

ИНТЕРВЈУ| Крсто Блажевски, ХОТАМ: Кога кафето во Охрид ќе биде 200 денари, е тогаш нешто сме направиле! - Слободен печат

Source: Слободен печат
Author: Весна Дамчевска

Охридско - струшкото крајбрежје е покрено со детални урбанистички планови помалку од 10 проценти, алармира Крсто Блажевски, претседател на Хотелско-туристичката асоцијација на Македонија. Тој вели дека пред секои избори се пласира една убава приказна за развој на туризмот, а потоа оствануваат истите проблеми. На општинските раководства им порачува дека е бадијала ако хотелите инвестираат, а ако остануваат инфраструктурните и комуналните проблеми. Во однос на цените во туристичките места, Блажевски вели дека тие живеат претежно од странските туристи и дека кога кафето ќе биде, како на пример да е сега 200 денари, тогаш можеме да кажеме дека нешто сме направиле. Значи, постои квалитетен туристички амбиент за кој гостите би ја платиле таа цена.

Веќе имаше вест дека од Непал, Филипини и од други далечни земји доаѓаат работници за престојната угостителска сезона. Со колку странски работници ќе го пополнуваме недостигот од работна сила во овој сектор?

- Има 1.000 барања, но 500 до 600 работници ќе дојдат. Норамално е кога нашите одат на сезонска работа, тој недостиг со нешто да се пополни. Но, ова не значи дека ќе се промени структурата на врботени во угостителскиот сектор, затоа што тој е многу широк со различни потреби - од чистење на ѓубре покрај брегот каде што се хотелите, косење трева, помош во кујна.... Келнери и нешто поспецифично за угостителството, дали ќе има 10 отсто од дојдените. Што се однесува до самите процедури околу вработувањето на овие работници, сметам дека треба да бидат поедноставни. Еве гледаме колку нашите работници одат лесно во Хрватска.

Кога одат нашите рботници на сезонска работа во Хрватска можеме да прочитаме во огласите дека е обезбедено сместување, храна... Што сѐ мора да обезбедите за еден странски работник за да дојде да работи во Охрид, или во Струга?

- Јасно е дека мора да има сместувње. Со хотелите е полесно, тие ќе најдат во самиот хотел просетор за хотелскиот персонал. И сега има тушеви за вработени, така што ќе може да се користат и тие. Исто и за храна, не е проблем ресторан да обезбеди храна за перосоналот.

Во однос на престојната сезона, какви се очекувањата? Во охридско-струшкиот регион веќе треба да е почната сезоната со конгресен туризам, па веднаш се надоврзува и летната сезона. Ќе се наполнат ли капацитетите?

- Според најавите ќе имаме добра сезона, уште се сметаме за поевтина дестинација. Се надеваме дека ќе ја пополниме бројката за потребните вработени. Во текот на летото ја очекуваме истата структура на гости како и досега: од Холандија, Полска, од Србија имаме зголемување на број на гости. Доста гости доаѓаат и во регионални тури, сепак Србија е многу поголема земја и таму има повеќе туристички мста. Но, за успешна сезона не е важно само да се средат хотелите, туку и инфрструктурата, како внатре во градовите, така и додека се стигне до туристичките места. Потоа, треба да се внимава на чистотатата, независно кој и да е на власт, истите проблеми ги имаме. Исто, би сакал да укажам и на негативниот имиџ што се создава во јавоста споделувајќи цени од кафе покрај охридското крајбрежје. Ние претежно живееме од странските гости, и колку да им го наплатуваме кафето во првиот ред крај езерото? На крај, има разнолика понуда и секој може да си најде по нешто за својот џеб.

Дали очекувате забавување на активностите во угостителскиот сектор во пресрет на изборите?

- Во предизборниот период гледате една убава слика со многу зборувања за тоа што ќе биде. Но, важно е сите политички партии вистински да го земат во предвид туризмот и да го стават меѓу првите три гранки во своите програми во кои треба да се инвестира и да се направи една добра стратегија за равој на туризмот. Но, затоа треба да има луѓе со капацитет, а во изминативе години ги немавме. Пред се, треба да се направи детален урбаничстички план за целото Охридско-струшко крајбрежје согласно правилата на УНЕСКО. Од целтото крајбрежеје со детални урбанистички планови дали се покриени 10 проценти! И потоа ќе зборуваме дека во Охридскиот регион имало 2.000 дивоградби, а притоа како дивоградба ќе се смета и пуштена настрешница. Нас не ни требаат странски инвестотори и самите имаме потенцијал за инвестиции, но немаме планови по кои треба да се урбанизира крајбрежјето, а тоа е секако важно за привлекување на туиристите. Кога ќе биде кафето во Охрид, на пример, 200 денари, е тогаш нешто сме направиле!