Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Здравје: Пролетно "расчистување" со стресот - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Здравје: Пролетно "расчистување" со стресот - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 6. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - Освен пролетното чистење на домот, лекарите препорачуваат пролетната сезона да се искористи и за прочистување на натрупаните и запоставени здравствени проблеми.

Промената на времето носи стрес за телото. Па, секое "чудно" боцкање во очите, благите убоди во градите, треперење на рацете, главоболки, забоболки и слично, кое се чувствувало зачестено во текот на зимата, треба да се провери. Се препорачува лекарска превентивна контрола на работата на срцето, нивото на шеќерот во крвта, проверка на видот и оралното здравје, забите и непцата. Зимата носи и воспаленија на непцата, па се препорачува детална контрола кај стоматолог.

Откако ќе се извршат превентивните здравствени конроли, луѓето е препорачливо во овој период да преминат на пролетно "расчистување" со стресот, како што го нарекуваат амаериканските научници. Тоа подразбира еден вид расчистување на домот од непотребните работи, а паралелно ќе се подобри расположението. Премногу старите и изгребани садови за јадење, пожелно е да се заменат со нови, затоа што готвењето во такви садови не е безбедно. Промена на четкичките за заби, ако тоа не било направено подолго време. Ослободување од облеката која е премногу тесна. Чистење на ладилниците со замрзната храна, останата од зимата, која можеби веќе е со поминат рок. Исто така луѓето треба да се ослободат од преостанатата зимница, која поради топлото време почнува да развива габи и не е за употреба.

На крај луѓето треба да преминат на нови планови и цели кои ќе ги реализираат, а да заборават на она што го планирале, но не се остварило. (Крај)