Лица од Франгово и Албанија заработија кривични пријави поради предизвикување пожар - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Струга, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од струшкото село Франгово и 40-годишник од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "предизвикување општа опасност".
- Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста "Добра вода", атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од МВР. (Крај)