Започна кампањата за парламентарните избори 2024 - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Скопје/Охрид, 18. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - Седумнаесет партии и коалиции, од кои 13 имаат листи во сите 6 изборни единици, од ноќеска се во трка за 120-те пратенички места во Собранието на Република Македонија.
На парламентарните избори 2024 е поднесена и листа од група избирачи, Ѓула Челику, која влез во парламентот ќе бара само преку шестата изборна единица.
Со измените на Изборниот законик, на гласачкото ливче од број еден до број седум, редоследот на коалициите и на партиите е ист како за претседателските избори. Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 Коалицијата "Твоја Македонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ, број 3 Коалицијата "Храбро за Македонија" предводена од ГРОМ, број 4 Коалицијата Европски форнт, број 5 Левица, број 6 Коалицијата "Вреди", број 7 Движењето ЗНАМ За наша Македонија, број 8 Единствена Македонија, број 9 Нова алтернатива, број 10 Аваја, број 11 Европско граѓанско движење, број 12 Македонска ера трета/Македонски независни листи, број 13 Твоја партија, број 14 Родина Македонија, број 15 Десна, број 16 Демократи и број 17 Работничка партија.
И на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство не се пријавиле доволно гласачи, македонски државјани.
Од Општинската изборна комисија од Охрид информираат за променетите локации на гласачките места за претстојните претседателски и парламентарни избори 2024 година.
Поради Велигденските празници, парламентарните избори ќе се одржат во среда, на 8-ми мај 2024 година. Владата претходно одлучи среда, 24-ти април и 8-ми мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на државата и изборите за пратеници во македонското Собрание и овие два неработни дена нема да се одработуваат. (Крај)