Охрид и Скопје, омилени и најисплатливи дестинации за дигиталните номади - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 18. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - Во ерата на дигитализацијата и глобалната поврзаност, дигиталните номади бараат нови хоризонти каде што можат да работат и да уживаат во животот. Македонија, со своите градови Скопје и Охрид, се истакнува како економски најпривлечна дестинација за оваа сè порастечка популација.
Со просечни месечни трошоци од само 1.300 долари, кои ги покриваат сместувањето, храната и другите основни потреби, Македонија нуди одличен баланс помеѓу трошок и квалитет на живот. Оваа пресметка ги прави Скопје и Охрид идеални за дигиталните работници кои бараат начини како да ги максимизираат своите приходи додека уживаат во богатата култура, историја и природна убавина на регионот, анализира порталот денар.мк.
Охрид, познат како "бисерот на Балканот", привлекува со својата спокојна атмосфера, кристално чистото езеро и старите манастири.
Комплетната информација на ОВДЕ. (Крај)