За гласање на претседателските избори во Охрид се пријавени 172 болни и изнемоштени лица - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Author: Daniela Spasik
Охрид, 18. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - За претстојните претседателски избори во Охрид за гласање се пријавиле вкупно 172 болни и изнемоштени лица, информираат за Супер радио и OhridPress од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).
Додаваат дека сите пристигнати пријави биле прифатени. Овие граѓани своето гласачко право во домашни услови ќе го остварат во вторник, 23-ти април.
Од ОИК неодамна информираа дека променета е локацијата на 8 избирачки места на територијата на Општина Охрид:
- ИМ 1271, од МЗ "Билјанини избори", улица "Мирче Ацев" број 31, префрлено е во ЈЗУ Општа болница (Модуларна), на улица "Сирма војвода" број 1.
- ИМ 1260, од приватен објект на улица "Даме Груев" е префрлено во ОСУ "Св. Климент Охридски" од Охрид (Гимназија).
- ИМ 1297, од хотел "Бетон" е префрлено во Основното училиште во селото Долно Коњско.
- ИМ 1281 и 1281/1, се префрлени од приватен објект во населбата "Видобишта" во ОЕМУЦ "Св. Наум Охридски", на улица "Живко Чинго" број 1.
- ИМ 1283 и 1283/1, се префрлени од приватен објект на улицата "Момчило Јорданоски" во ОУ "Христо Узунов", на улица "Питу Гули" број 128.
- ИМ 1267, е префрлено од МЗ "Железничка" во приватен објект на улица "Железничка" број 104 А. (Крај)