Светски ден на планетата Земја - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 22. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на Земјата.
И додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени нешто ќе се почувствува и ќе влијае на зачувување на Земјата. Граѓаните кон оваа акција за подобра, почиста и поздрава планета можат да се приклучат купувајќи паметно со рециклирање и постојано едукација. Тие се советуваат секогаш со себе да носат торба за пазарење наместо да купуваат ново ќесе, да избегнуваат производи чија амбалажа е составена од премногу пластика и најлонски обвивки за да се намалите количеството на отпад кое го создавате, да го купуваат она што им е потребно.
Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22-ри април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
Целта на одбележувањето на "Денот на планетата Земја" е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. (Крај)