МВР: Лични документи можат да се подигнат и денеска од 08:00 до 19:00 часот - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 24. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - Во пресрет на претседателските избори што ќе се одржат денеска, од Министерството за внатрешни работи ги известуваат граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР, денеска, среда, 24-ти април 2024 година, ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08:00 до 19:00 часот.
- Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје, информираат од МВР. (Крај)