Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Здравје: За да согорите калории од половина литар газиран сок, треба да истрчате 6,5 километри - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Здравје: За да согорите калории од половина литар газиран сок, треба да истрчате 6,5 километри - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 26. април 2024 (ОХРИДПРЕС) - Калориите од половина литар газирани пијалаци се согоруваат со најмалку 6,5 километри трчање, покажуваат резултатите од новото истражување.

Според научниците, поголем дел од луѓето не ги читаат етикетите на шишињата и не се информирани за калориите кои ги внесуваат во организмот. Тоа е особено важно за здравјето, и поради тоа експертите нудат друг начин да ги информираат корисниците колку физички вежби ќе им бидат потребни за да го согорат изеденото или испиеното.

Тие предлагаат на етикетите да не го пишува бројот на калориите, туку колку часа спорт ќе ви е потребен за да ги изгорите. Пример, за да "согорите" едно мало шише Кока-кола ќе треба да трчате 42 минути, без да застанете.

Експерите од Институтот за јавно здравје во Балтимор објаснуваат дека ако во менито пишува дека за да "согорите" еден двоен чизбургер ќе биде потребно да трчате осум километри, луѓето би одбрале да изедат помала плескавица, за да внесат помалку калории. (Крај)