Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 18. степени - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) - Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремен локален дожд.
Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.
- До петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)