Прва недела по Велигден - Томина недела - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Охрид, 12. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) - Првата недела по Велигден се вика Томина недела и е посветена на Светиот апостол Тома.
Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден, е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.
Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: "Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам". Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома.
По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: "Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!" На тоа Тома одговорл и рекол: "Господ мој и Бог мој!" Исус му рече: "Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале". (Крај)