Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Избори 2024: Денеска прегласување на седум места во изборните единици 5 и 6, во Охрид ќе се прегласува и на избирачкото место 1272 во ООУ "Христо Узунов" - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Избори 2024: Денеска прегласување на седум места во изборните единици 5 и 6, во Охрид ќе се прегласува и на избирачкото место 1272 во ООУ "Христо Узунов" - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) - Денеска ќе се прегласува за парламентарните избори на неколку избирчки места во ИЕ5 и ИЕ6, бидејќи таму според ДИК, но и одлуката на Управен суд регистрирани беа низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај 2024 година.

Ќе се прегласува на избирачки места во Долнени, Крушево, Струга Охрид и во Желино. Во Изборната единица (ИЕ) пет граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.

Избирачкото место 1272 се наоѓа во склоп на ООУ "Христо Узунов", на улицата "Питу Гули" број 128 во Охрид. На ова избирачко место има вкупно 711 избирачи, од кои на парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај 2024 година гласаа 433, односно 60,90% од избирачкото тело.

Избирачкото место 1844 се наоѓа во склоп на ООУ "Јосип Броз Тито", на улицата "Димче Ковачески" број 64 во Струга. На ова избирачко место има вкупно 753 избирачи, од кои на парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај 2024 година гласаа 489, односно 64,94% од избирачкото тело.

Од ДИК информираа дека вчера, на денот кога гласаа болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа, а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори, на ИМ 1272 Охрид, правото на глас го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список. На ИМ 1844 Струга, сите 4 лица запишани како болни или немоќни гласале во текот на денот. (Крај)