Жена од Кочани измамена по телефон: барале пари, ѝ кажале дека нејзиниот внук направил сообраќајка и прегазил мигрант
Source: skopjeinfo.mk
Во ОВР Кочани, вчера 75 - годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице, кое според пријавеното ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда и измама со тоа што ѝ кажало дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија, каде прегазило лице - мигрант, и доколку сака да ѝ помогне, треба да му даде 60.000 евра.
Според пријавеното, пред нејзината куќа подоцна дошло едно лице на кое таа му дала 251.400 денари.
По известување на надлежните, за овој настан е запознаен јавен обвинител, кој работи на негово расчистување.