Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Ohrid Ultra-Trail 2024: Вечерва и утре на Галичица ќе трчаат 448 планински тркачи од 35 земји - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Ohrid Ultra-Trail 2024: Вечерва и утре на Галичица ќе трчаат 448 планински тркачи од 35 земји - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) - Рекордни 448 планински тркачи од вкупно 35 земји ќе учествуваат на шестото издание на Ohrid Ultra-Trail 2024, што ќе се одржи вечерва и утре во Охрид.

Предвидени се пет планински трки на 107, 66, 42, 22 и 10 км со различни временски стартови и локации.

Стартот на трката од 107 км е од Градскиот плоштад во 23:00 часот на 24-ти мај. Останатите трки се одржуваат на 25-ти мај. Стартот на 66 км е од Св. Наум во 07:00 часот, на 42 км од Пештани во 09:00 часот, а трките на 22 и 10 км стартуваат од Велгошти од 11:00 односно 10:30 часот. Финишот за сите пет трки ќе биде на градскиот плоштад.

Новина оваа година е јуниор треил трката, наменета за деца од 13 до 18 години, на која ќе учествуваат 60-на тркачи.

Годинава за првпат ќе се организира и Експо, во спортската сала "Билјанини извори" во петок, 24-ти мај, од 09:00 до 21:00 часот.

Планинското трчање е спорт во голем подем кој започнува се помасовно да се практикува од страна на луѓето особено откако ќе се осознаат неговите вистински долготрајни бенефити по здравјето и психофизичката благосостојба. Целите на овој спортско-рекреативен настан е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците која се одвива во недопрените предели на Галичица, а воедно и да се промовира културното и природното богатство на охридско-преспанскиот регион кој е заштитен под УНЕСКО.

Приказната на Ohrid Ultra-Trail започна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а од првата бројка на учесници - 130 пријавени тркачи, за пет одлични последователни изданија Ohrid Ultra-Trail прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан што се одвива под отворено небо. Организатори се спортските здуженија Топ Адвенчрс од Охрид и Трекс од Скопје. (Крај)