Гром неколку часа го остави без струја поширокиот дебарско-струшки регион - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Струга, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) - Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија, откако гром удрил во главната трафостаница во Хидроелектраната "Шпиље" кај Дебар.
- Главната трафостаница во ХЕ "Шпиље" беше погодена од гром - електрично празнење, за време на силното невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање, големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот, потврдија за МИА од ЦУК.
Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.
Поради обилниот дожд има појава и на одрони на патните правци од Дебар кон Маврово и кон Струга поради што надлежните препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација. (Крај)