Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Минатата година во Охрид работеле 150 фирми без ниту еден вработен - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Минатата година во Охрид работеле 150 фирми без ниту еден вработен - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 4. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) - Охрид и Струга се меѓу 10-те градови во државата каде работеле фирми со ниту еден вработен, а кои вкупно на ниво на државата свртеле неверојатни 42 милиони евра, покажа анализата на порталот pari.com.mk.

Во Охрид минатата година работеле 150 вакви компании, а во соседна Струга со 48. На врвот е Скопје со 791 фирма, а на второ место е Охрид, пред Битола каде се регистрирани 109 фирми со нула вработени.

Во анализата се наведува дека најчесто станува збор за фирми управувани од еден човек, претежно сопственикот кој не е пријавен како вработен, затоа што обично има и други фирми, па некаде му течат придонесите. Но, како што велат упатените, тоа може да биде и некое ангажирано лице со некаков менаџерски договор. Постојат дејности, како на пример, продажба на струја, каде што е лесно да се врти милионскиот бизнис со еден управител без вработени, Но, така може да функционираат и некои сосема мали бизниси. Едноставно, тоа го дозволува Законот за трговски друштва.

Во Република Македонија има дури 1.535 вакви компании со вкупен приход од 41,9 милиони евра и чист профит од 5,2 милиони евра, покажува анализата на порталот "Пари" во соработка со Бизнис мрежа.

Комплетната аналиаз ОВДЕ. (Крај)