Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу денес и утре настапуваат на Меѓународниот боксерски турнир "Мирослав Петровиќ" во Куманово - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу денес и утре настапуваат на Меѓународниот боксерски турнир "Мирослав Петровиќ" во Куманово - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Author: Daniela Spasik

Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) - Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу од охридскиот клуб "Алексо Огненовски" денеска и утре настапуваат на Меѓународниот боксерски турнир "Мирослав Петровиќ" што ќе се одржи во Спортската сала на Средното училиште "Перо Наков" во Куманово.

Ова е четврто издание на меморијалниот турнир, кој од година во година добива се' поголема репутација. Покрај домашните, македонски боксери, учество ќе земат боксери од уште 13 држави: Италија, Романија, Молдавија, Полска, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Србија, Турција, Австрија и Словенија.

- Добиваме се' поголем публицитет, не препознаваат по квалитет, па и се' повеќе учесници се пријавуваат и земаат учество на овој турнир. На пример, медиумски покровител на настанот е Арена фајт каналот, кој ќе го пренесува во живо финалниот меч. Очекуваме дека и ова година се' ќе биде во ред, а петгодишниот јубилеј следната година да го прославиме уште помасовно. Тоа секако зависи и од финансиската помош од општината, се надеваме дека ќе се зголемат средствата кои се издвојуваат за одржувањето на овој турнир, кој се покажа како репрезентативен за Куманово, истакна Самет Салиевски, координатор на турнирот и селектор на боксерската репрезентација.

Организатор на турнирот е Боксерскиот клуб "Куманово-84" со поддршка на Боксерската федерација на Република Македонија. (Крај)