Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

Почнува 49-от турнир во мал фудбал "Петровден" во Мешеишта, пријавени 29 екипи - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Почнува 49-от турнир во мал фудбал "Петровден" во Мешеишта, пријавени 29 екипи - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид
Author: Daniela Spasik

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) - Вкупно 29 екипи ќе учествуваат на годинашното 49-то издание на турнирот во мал фудбал "Петровден" во Мешеишта што почнува вечерва.

Екипите се поделени во 8 групи. Вечерва ќе се одиграат три натпревари. Од 20:30 часот Асп Пак - Црногорци, од 21:30 часот Хацеган Елит - Бомбаши и од 22:30 часот Вис Пој - Требеништа.

Вкупниот награден фонд изнесува 220.000 денари. За прво место наградата е 120.000 денари, за второ 60.000, за трето 30.000 и за четврто место 10.000 денари. Ќе бидат доделени и награди за MVP играч, најдобар стрелец, голман, како и награда за најдобар млад играч "Јован Николоски". (Крај)