Stay on this page and when the timer ends, click 'Continue' to proceed.

Continue in 17 seconds

СВР Охрид: Се преземаат интензивни контроли во Охрид, Струга, Кичево и Дебар за санкционирање на лицата, организатори на борби со кучиња - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

СВР Охрид: Се преземаат интензивни контроли во Охрид, Струга, Кичево и Дебар за санкционирање на лицата, организатори на борби со кучиња - Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Source: Ohridpress - Брзо, точно, проверено... Се за Охрид

Охрид, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) - СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.

- Според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени. Во текот на октомври 2023 година, извршен е разговор со 45-годишниот Б.А. од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња во атарот на кичевското село Букојчани. Известен е надлежен јавен обвинител и против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.

Од Иницијативата за заштита на животните "Лајка" неодамна алармираа дека во околината на Охрид, на излезот кон Струга, на јавна површина е направен ринг за борби на кучиња, каде се организираат борби. Крај)